fbpx
Image default
Ракомет Спорт

Македонија го почнува СП – ќе се бара само триумф против Јапонија

Македонија денеска го почнува ракометното Светско првенство (СП) против Јапонија, која е една од најдобрите азиски репрезентации, но на нас ни оди против Азијците бидејќи досега имаме четири победи во четири меча против нив.

Сепак, нашата селекција влегува со значително подмладена екипа, но и со доволно искуство во првиот тим, каде што ќе бидат Кире Лазаров, Борко Ристоски…

Притоа, ИХФ објави дека токму мечот меѓу Македонија и Јапонија е меч на денот, па сите во нашата земја се надеваат на триумф и одличен почеток на возбудувањата на СП.

Јапонија немаше најуспешни подготовки бидејќи одигра два нерешени дуели и имаше дури четири победи, додека Македонија победи на двата подготвителни меча со Србија, па од таму ни одат во прилог и предлозите на обложувалниците, кои ја поставија нашата репрезентација за фаворит.

Превземено од: supersport.mk

Поврзани вести

Зидан го советуваше Мбапе да се пресели во Реал Мадрид

Американците го сакаат Мурињо за селектор

Несторовски стрелец во триумфот на Палермо над Карпи (видео)