Вести Македонија

Киднапирале арачиновец и го претепале кај стрелиштето „Камник“

На 10.01.2019 во 12.34 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.А.(30) од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н.

Според пријавата, во населба Ченто тие насилно го ставиле во возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде физички го нападнале соопшти МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]