Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ побара вонредни парламентарни избори со претседателските

Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори, побара лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мискоски.  На овие избори народот ќе каже дали е за Северна Македонија на Заев во црнила, понижена и поразена или Македонија на народот, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, историјата и образованието се направи на противуставен и криминален начин. Тоа е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на граѓаните. Сето ова е чин на предавство. Со Договорот се донесува огромна штета и неправда на македонската држава и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се оваа неправда да биде исправена.

-Денеска се покажа дека Македонија со Заев губи и ако останат на власт Македонија ќе продолжи да губи на сите полиња. Ова мора да престане, и ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт. Бараме распуштање на Парламенетот и одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и така волјата на граѓаните ќе биде испочитувана, рече Мицкоски.

Извршниот комитет и пратеничката група ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на Уставното име на Република Македониј, промената на идентитетот културата и историјата.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]