fbpx
Image default
Вести Култура

Забава по повод пензионирањето на Божидар Симоновски (фото)

Повозрасните штипјани ќе речат: „- Тој е човекот кој „везеше“ на гитара“, други се сеќаваат на многуте концерти кои ги посетиле во „негово време“ во Домот на младите, а додека сите кажуваат за тоа по што ќе го паметат Божидар Симоновски, дојде време тој да се прости од работните ангажмани, се пензионираше, а по тој повод моменталниот директор на Дом на млади – Штип, Горан Трајков, организираше забава.

– Беше забава каква што најмалку може да се организира, затоа што додека беше директор низ годините наназад континуирано организираше најразлични настани, забави, концерти … рече Трајков.

За часовите исполнети со луда забава се погрижија момците од составот „Амон Мра“.

– Да се свири за Бошко Симоновски е голема чест, повеќе генерации израснавме во Дом на млади – Штип, додаде Петрит Сарачини од „Амон Мра“.

Најзадоволен секако беше Божидар Симоновски.

– „ За добра работа е потребен добар тим, а за среќа јас го имав“, се пофали Симоновски.

Од почетокот на 1983 работел како уредник на музичката програма во Домот на младите, период во кој се реализирани над 1000 концерти и настапи на бендови, групи и солисти од Македонија, поранешна Југославија, па и пошироко.

Организирал повеќе фестивали, изложби, промоции, перформанси, поддржувајќи го алтернативниот и автентичен израз на бендовите и при тоа градејќи го брендот „Дом на млади – Штип“ како препознатлив знак на музичката култура во Македонија.

Божидар Симоновски потекнува од музичка фамилија, a неговите почетоци во музиката се од периодот на „Битлси“,  „Стоунси“,  „Дилан“ и хипи периодот.

–  „Првите групи во шеесетите годи ни беа виновни за љубовта кон музиката и мојот музички пат преку: Биг Бендот при КУД Македонка, Орфеи, групата Урагани, студискиот оркестар на Чешларов и Славе Димитров, па се до некогашен член на групата Македонија – носејќи го името гордо, со многубројни концерти и настапи на сите фестивали во тогашна Југославија. Гостувања и турнеи во Советскиот Сојуз, Германија, Данска, Шведска, Австрија … “ , се присетуваше Симоновски.

Пишувал музика за претстави за Драмското студио при Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Добитник е на наградата за најдобра музика за претставата „Песноград“, бил награден  за најдобра авторска музика на меѓународниот театарски фестивал во Котор, Црна Гора. Во својата долгогодишна кариера, Симоновски создал музика за дваесетина театарски претстави, Тв серии и фестивали.

 

Поврзани вести

Инцидент со приватниот авион на Пацоли: Косовската делегација за малку ќе завршеа во Србија

Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Уапсени две лица во Полска поради шпионажа