Image default
Вести Македонија

Штипските пожарникари за девет дена имале 23 интервенции

Штипските пожарникари од Нова Година до денеска имале вкупно 23 пожари. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во просек имале по три интервенции на ден, што за овој период е голем процент.

– Најголем дел од интервенциите се на запалени оџаци, поради ниските температури, домаќинствата повеќе го користат огревно дрво, но поради  неисчистените оџаци доаѓа до запалување на саѓите. Затоа граѓаните треба навреме да си ги чистат оџаците. Исто така деновиве имаме и интервенции на запалени контејнери и седум пожари на сува трева, стрништа, од кои едната дојава е и лажна, вели Атанасов.

Тој посочи дека лажниот повик бил за запалена сува трева во селото Сушево, каде што пожарникарите морале да отидат со возило и целосна опрема.

– Апелирам да не се злоупотребува телефонскиот број 193, бидејќи на пожарникарите на пример до Сушево и назад им требаат триесетина минути,а може да се случи во тоа време и да имаме навистина пожар во градот или во некое друго населено место, вели Атанасов.

Командирот на ТППЕ-Штип бара надлежните инспектори да излезат на терен, кога имаат дојави за запалена сува трева или стрништа.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Југот повторно го разбранува Охридското Езеро

Кире Андонов

Поднесена пријава против напаѓачот врз новинарката Мирчевска на Водици

Вања Мицевска

Кампањата „И родителството се учи“

Трајче Гогов