Image default
Спорт Фудбал

ФА започна истрага против играч од Кристал Палас поради нацистички поздрав

Вејн Хенеси, голманот на Кристал Палас е под истрага поради нацистички поздрав.

Англискиот фудбалски сојуз ФА започна истрага против Хенеси кој пак тврди дека камерата случајно го фатила и тврди дека тоа не му била намерата.

Фотографијата ја објави германскиот фудбалер и соиграч на Хенеси, Макс Мејер, а во позадина се гледа како голманот го прави нацистичкиот поздрав. Набрзо голманот од Велс преку Твитер ги разјасни работите.

„Синоќа бев на вечера со соиграчите и правевме групна фотографија. Мафтав и викав на една особата која сликаше тоа да го направи, а во истиот момент ја ставив раката преку устата за да ме слушне погласно. Камерата фатила како јас правам потполно неприфатлив поздрав. Можам на сите да има кажам дека тоа никогаш не би го направил и дека овој потег е целосно случаен“- порача голманот.

Како и да е, надлежните тоа допрва ќе го испитаат, тие ќе проверуваат дали Хенеси имал намера или се е чиста случајност.


Превземено од: supersport.mk

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Осум играчи на Реал Мадрид со нејасна иднина

Вања Мицевска

Реал ќе го тужи Интер кај УЕФА поради Модриќ?!

Трајче Гогов

Францускиот ракометар Карабатиќ го пропушта Првото Светско првенство во својата кариера

Трајче Гогов