Image default
Вести Македонија

Собраниска седница за уставните измени пролонирана за 16 часот

Собраниската седница за уставните амандмани е пролонирана за 16 часот – извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој не ја посочи причината за одложувањето на седницата.

Пратениците на денешната 75. седница ќе ги утврдуваат четирите предлог – амандмани на Уставот на Република Македонија, по што следува нивно донесување па прогласување.

Пред почетокот на собраниската седница генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацоски на прес-конференција рече дека според неговите информации, обезбедена е поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

За прогласување на амандманите е потребно двотретинско мнозинство, односно за нив да гласаат 80 од вкупно 120 пратеници во Законодавниот дом. По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување.

Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Забранет увоз на месо, млеко од овци и кози, како и на животни од Бугарија

Трајче Гогов

Кавадарци ќе се поврзува со Аридеа во Грција

Вања Мицевска

Утре протест пред Собрание за итно усвојување на Законот за недискриминација