fbpx
Image default
Спорт Фудбал

Обамејанг прогласен за најдобар играч на Арсенал

Напаѓачот од Габон,. Обамејанг очигледно уште долго ќе ја памети средбата против Ливерпул на Енфилд.

Неговиот Арсенал два дена пред Нова година доживеа вистински дебакл на гости во Ливерпул бидејќи изгуби со 5:1, а Обамејанг одигра очаен меч.

Тој на таа средба топката ја допре само 13 пати, а уште поголемо понижување е што шест пати од тие 13 се кога топката ја изведуваше од центарот. Еднаш кога мечот започна и пет пати кога примија голови.

Сепак, без оглед на ова, сјајниот напаѓач имаше одличен декември и беше прогласен за најдобар играч на Арсенал во тој период.

По тој повод официјалниот Твитер профил на клубот од Емиратите му честиташе за наградата, а тој ја искористи приликата да каже дека натпреварот против Ливерпул бил вистинско ср*ње.

„Ви благодарам. Освен тој поср*н натпревар против Ливерпул, декември беше добар месец“- напиша Обамејанг.

Превземено од: supersport.mk

Поврзани вести

Алегри за Роналдо: Има многу еуфорија и тоа не е добро

Кире Андонов

Дурант го уништи Кливленд – Голден Стејт на чекор до титулата

Кире Андонов

Милан во проблеми: Леонардо бара решение, па веќе испрати понуда за нов дефанзивец!?

Дафинка Печорова