Image default
Забава

Научници работат на средство за контрола на размножувањето на комарците

Истражувачи од Универзитет на Аризона соопштија дека оствариле голем напредок во развојот на средство за контрола на размножувањето на комарците, чија цел  е спречување на ширењето маларија и други болести одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно. Тие откриле протеин кај женките комарци кој, доколку се блокира, положените јајца се со аномалии што предизвикува угинување на ембрионот во нив. Така ќе се уништат голем дел од комарците, но не и други, корисни инсекти, како што е пчелата.

„Ова е важно откритие… Со него се елиминира отпорноста на комарците и има многу поголеми шанси да биде био-безбеден (за  разлика од други слични методи)“, изјави шефот на универзитетскиот Оддел за хемија и биохемија, Ројзер Мајсфелд.

Според Светската здравствена организација (СЗО), од околу 216 милиони луѓе кои заболеле од маларија во 2016 година, дури 445.000 починале, претежно бебиња и мали деца во Субсахарска Африка. По маларијата следат вирусот зика, жолтата треска, чикунгуња, западнонилската треска и денгата, кои последниве децении се во постојан пораст.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Изненадувачки факти за омилените божиќни филмови

Варено вино, рецепт за зимско релаксирање

Габриела Додевска

Како и за што можете да го користите лимонот