fbpx
Image default
Вести Свет

Атина го чека гласањето во Скопје, Договорот од Преспа ја вжешти политичката сцена во Грција

Вжештена политичка клима во Грција во пресрет на денешното гласање на уставните измени во македонското Собрание. Сите знаци водат кон тоа дека коалиционите партнери во владата се пред разделување, а иако се споменуваше за вчера, сепак според грчките медиуми, Алексис Ципрас и Панос Каменос ќе одржат средба во петок – јавува дописничката на Македонската информативна агенција од Атина.

Претседателот на Независни Грци, министер за одбрана на Грција и коалициониот партнер во владата, за денес закажа состаноци на парламентарната група и на извршниот комитет на партијата. И сето ова на ден пред посетата на Ангела Меркел на Атина. Германската канцеларка во следните два дена ќе се сретне со грчкиот државен врв. Утре попладне ќе биде примена од премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а во петок наутро од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Меркел, ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, а портпаролката на грчката опозициска партија, Мариа Спираки, вели дека Мицотакис на германската канцеларка ќе ѝ ја повтори позицијата на неговата партија во однос на Договорот од Преспа.
Според Спираки, , штом Панос Каменос си замине, актуелната грчка влада ќе треба да побара доверба од парламентот.

Од кабинетот на Алексис Ципрас го повикаа лидерот на Нова демократија да достави предлог за гласање недоверба на владата.

По сценаријата и шпекулациите во Грција, како во однос на ратификацијата на Договорот од Преспа, така и во однос на евентуалното гласање доверба на грчката влада, од партијата Река, преку соопштение рекоа дека го поддржуваат договорот, но не и актуелната грчка влада.

Во однос на евентуалната поддршка на владата, од партијата потенцираа дека нема да ѝ дадат глас за доверба затоа што се опозиција и тоа нема да се смени и повторуваат дека „ако Независни Грци се повлечат од владиното мнозинство, тогаш земјата треба да оди на избори”.

Поврзани вести

Дневен центар за психо-социјална поддршка на децата заболени од рак на Детската клиника

Штипската клиничка болница со намален долг

Кире Андонов

Новиот Peugeot 508 преставен во Скопје

Трајче Гогов