fbpx
Image default
Спорт Фудбал

Страстите на социјалните мрежи се уште не се смирени помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул

По дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул страстите на социјалните мрежи се уште не се смирени.

Сити го доби дербито со 2:1 и така остана во битка за титулата во Англија. Сепак, она што беше во центарот на вниманието е моментот, кога Џон Стонс ја одби топката од линијата, а на снимката подоцна се утврди дека недостасувале 1,1 сантиметар за тоа да биде гол.

„Граѓаните“ по мечот неколкупати го провоцираа Ливерпул со таа фотографија, а на крајот легендарниот Џејми Карагер беше принуден нешто да одговори. Еден од навивачите го коменираше неговиот статус во кој пишува дека „Црвените“ имаат одлична шанса да бидат шампиони, и порача дека тоа е менталитет на малите клубови.

Карагер го погоди овој коментар и одлучи да одговори со што ги израдува навивачите на Ливерпул. Тој им напиша на навивачите на Сити дека тие не се во состојба дури ниту да го наполнат својот стадион, секако алудирајќи на тоа дека има доста празни места на „Итхад“.


Превземено од: supersport.mk

Поврзани вести

Ученици со посебни потреби од источниот регион се натпреваруваа во Штип

УЕФА ќе го суспендира Вардар поради заостанати долгови

Дафинка Печорова

Вечерва во Премиер лигата: Манчестер Сити или Ливерпул

Дафинка Печорова