Image default
Вести Македонија

Градба на дополнителна 20-мегаватна фотоволтаична мрежа, најавува Бектеши

Со седум милиони евра ќе се гради фотоволтаична централа во РЕК Осломеј во Кичево.

5, 9 милиони евра од вкупната сума ќе бидат обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите – 1,1 милион евра ги обезбедува компанијата  ЕЛЕМ.

Локацијата за 10-мегаватната фотоволтаична мрежа се простира на 15 хектари земјиште од поранешните наоѓалишта на јаглен, кое за една година треба да биде рекултивирано токму со новата централа.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана се очекува да биде околу 15 гигават часови, доволни за покривање на годишните потреби на околу 2 000 домаќинства.

Тој најавува дека во наредниот период ќе има нови вработувања во комбинатот, особено на стручни лица од соодветната сфера од Кичево и регионот. Апелира  до младите да продолжат со стручна едукација за да бидат подготвени да одговорат на барањата на постојните и новите инвеститори.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Силен земјотрес кај Закинтос

Трајче Гогов

Огорчување и пофалби – поделени реакции за руското признавање на Сверна Македонија

Весна Коловска

Во Кривичен суд рочиште за предметот „Талир” на СЈО