fbpx
Image default
Кошарка Спорт

Минесота го отпуштија Тибодо

Тoм Тибодо е разрешен од своите обврски во НБА франшизата Минесота Тимбервулвс. Тибодо беше тренер и претседател на кошаркарските операции во овој тим.

За познавачите на приликите во НБА лигата смената на Тибодо не е изненадување, изненадување е тајмингот кога му е врачен отказот.

Изминатата ноќ Тимбервулвс ја забележаа втората победа во низа, но веројатно одлуката за негова смена е донесена многу порано.

Екипата која лани успеа да стигне до плеј-офот, оваа игра по системот „топло-ладно“, далеку е од позициите што водат во разигрувањето, а односите меѓу играчите биле катастрофални.

Тибодо во Минеоста работеше од 2016 година, а претходно пет сезони ги предводел Чикаго Булс, со кои во сезоната 2010/2011 го имаше најдобриот скор во лигата, а тој бил прогласен за тренер на сезоната.

Поврзани вести

Ракометната Федерација на Македонија ќе го промовира новиот дрес за Мундијалот во Германија и Данска

Габриела Додевска

Ремек дело на Трајковски во ремито со Кремонезе (видео)

Вања Мицевска

Алонсо во Челзи до 2023 година