Image default
Забава

Подарувањето како облик на маркетинг комуникација

Подарувањето е облик на маркетинг комуникација, а службените подароци придонесуваат за креирање на позитивниот имиџ и унапредување на односите со клиентите. Деловниот подарок може да се протолкува како маркетиншка алатка за дополнителна комуникација и промоција на брендот. Корените на дарувањето за време на новогодишните и божикните празници потекнуваат од римско доба и истото низ годините ја задржало симболиката на посакување убави желби. Со развојот на маркетингот се развила и традицијата на божиќното дарување.

Иако празничниот период не би требало да биде единствениот кога ќе се сетите на вашите деловни партнери и соработници, сепак е убаво во истиот да им дозволите да вашите мечти и емоции да надвладеат. Таквите подароци може значително да придонесат за компанијата и за самиот бренд.

Ако му подарите на вашиот деловен партнер шише вино, календар или пенкало, се разбира дека тој нема да ви забележи. Истовремено, вообичаените подароци може да ги индивидуализирате и да се издвоите од останатите, а новите технологии во овој поглед нудат многу креативни можности.

Со деловните подароци не само што ќе им се заблагодарите на партнерите, туку со тоа вложувате во вашите односи на долг рок. Преку дарувањето праќате порака за себе, за компанијата и за самата култура на комуникација. Комуниколозите порачуваат дека на овој начин, праќате порака за тоа што мислите за вашиот бизнис партнер и какво значење истиот има за вас.

 

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Меморијален Турнир – Никола Поповски – Ниџо 2018

Трајче Гогов

Војвотката Меган има големо влијание врз Принцот Хари

Трајче Гогов

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Трајче Гогов