fbpx
Image default
Забава

Ариела Ниса: Целулитот не ве прави помалку убави

Инстаграм моделот за костими за капење, Ариела Ниса која ја следат над 150 000 корисници на социјалната мрежа, многу пати беше критикувана дека како манекенка, има премногу целулит. На тоа таа одговори прилично жестоко и исцрпно…

– Толку многу се трудиме да бидеме „совршени”, но што тоа всушност значи? Сите ние сме убави. Сите ги имаме оние вистински животни елементи, па зошто да ги криеме?! Зошто на младите девојки да им даваме лажна претстава за привлечноста и убавината? – прашува Ниса, меѓу другото, во својот подолг текст до слика каде што посебно и намерно се истакнува целулитот на нејзините бедра.

На крајот од објавата таа уште еднаш нагласува дека она вистинското, обичното е нормално, и дека не треба луѓето да се плашат од тоа.

Поврзани вести

„Game of Thrones“ со 22 номинации за Еми наградите

Дафинка Печорова

Зошто студентото време предизвикува настинка?

Трајче Гогов

Како ладните денови влијаат на вашата убавина ?!