Image default
Ракомет Спорт

Ракометарите денеска на тест со Србија

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од перспективата на националниот тим и од она што помладите го покажуваат во досегашниот дел од подготовките за СП 2019 во Данска и во Германија. „Црвено-жолтите“ ги очекуваат две контролни средби со Србија, на кои Лазаров очекува добри настапи како вовед за мундијалските предизвици.

Првиот дуел меѓу Македонија и Србија се игра денеска со почеток во 20:00 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Капитенот не сака да прогнозира кој е дометот на Македонија на светскиот собир, но верува дека секој играч ќе го даде својот максимум.

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, вели дека нашиот национален тим мора да биде максимално претпазлив на првиот натпревар.

Вториот натпревар се игра утре зад затворени врати на истото место од 15:00 часот.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Обамејанг прогласен за најдобар играч на Арсенал

Трајче Гогов

25 години од првата победа на македонската фудбалска репрезентација против Словенија (ВИДЕО)

Габриела Додевска

Авионот на Сала пронајден во Англискиот канал

Весна Коловска