Image default
Вести Истражувања Македонија

Анкета: Дури 83,7 отсто би се отселиле од Македонија

Резултатите од направената анкета на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ реализирана од порталот Факултети.мк покажуваат дека дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од Македонија кога би имале шанса.
Во анкетата која била отворена пред две недели, на прашалникот анонимно одговарале вкупно 1.474 читатели, а во првите неколку часа имале масовно одговарање на три поставени прашања.
На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговориле 1.491 читател, а од нив дури 1.234 (83,7 отсто) одговориле со „да“, 123 (8,3 отсто) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9 отсто) би останале во Македонија.
Според направената анкета испитаниците би се преселиле во Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија…
– Има и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“, стои во објавените резултати од анкетата.
На прашањето „Зошто би заминале?“ одговориле 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.
– Еден наш читател ја сублимирал целата реалност во неколку реченици: Катастрофално лошо функционирање на сите институции. Корупција, мито, непотизам. Голема злоупотреба на должностите и функциите што им ги доверила државата. Лоша инфраструктура, лоша организација во функционирањето на сите институции. Тие што се одредени да ја организираат работата и функционирањето на институциите се неспособни, корумпирани, алчни да заработат многу за кратко време. Не постојат долгорочни планови за развој и напредок. Корумпирана полиција, судство… Здравствениот систем многу лошо организиран, нефункционален. Образовниот систем корумпиран. Факултетите се натпреваруваат кој ќе им додели (продаде) повеќе дипломи на неспособни кадри! Способните, вредните, тивките, трудољубивите… се оставени на маргините, да се снаоѓаат како знаат и умеат, објави денеска Факултети.мк.
Дел од одговорите зошто би заминале од Македонија се и: Бидејќи во нашата држава не функционира никаков систем (политички, образовен, здравствен итн.), покрај тоа и народот е тотална катастрофа, подобра иднина на моите деца и сигурност, за да дишам чист воздух, како и нефункционирањето на институциите составени од партиски и неписмени кадри, ниските плати, урнатиот образовен и правен систем, пропаднато здравство, т.е. во целина нашево општество има тренд во негатива, секој ден тонеме сè повеќе и повеќе, а никој не презема ништо околу тоа.

МИА

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Диви свињи се спуштаат по храна до села од Тиквешијата

Трајче Гогов

Ребалансот на Буџетот очекуван, потфрлија капиталните инвестиции – сметаат експертите

Вања Мицевска

Политиката ги разединува лозарите

Трајче Гогов