Image default
Спорт Фудбал

УЕФА: Манчестер сити може да биде исфрлен од европските турнири

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити би можел да биде исфрлен од европските турнири – открива поранешниот премиер на Белгија, Ив Летерм кој сега е претседател и главен истражен контролен орган за набљудување на финансиските одредби на Европската фудбалска централа.

Според него, ако навистина се докаже дека шефовите на Сити ги заобиколиле правилата на УЕФА, исфрлање од евротурнирите ќе бидее сосема очекувана мерка и ќе биде применета со целосна строгост кон англискиот клуб.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин веќе објави дека се води проверка на информациите од „Фудбал ликс“ за финансиски измами со спонзорските договори и таа треба да заврши во брз рок, по што ќе ќе се знае дали Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Европа.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Македонија убедлива во првата контролна против Србија

Вања Мицевска

Според ЕСПН: Роналдо,Леброн и Меси се ,,топ три“

Весна Крстева

(видео) Мајсторијата на Горан Пандев

Весна Коловска