ММС

Објавено на: 02/10/21 5:24 PM

Преку Инстаграм се дистрибуирани компромитирачки видеа за малолетничка од Кочани: Полицијата одзеде мобилни и компјутери од нејзини врсници

Четириесет и трогидшна жена од Кочани пријавила во полиција дека од профил преку социјалната мрежа Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за нејзината малолетна ќерка – соопшти денеска МВР.

Полициски службеници од ОВР Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презедоа мерки за расчистување на кривично – правниот настан, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле две малолетни лица на кое им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани – додаваат од полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.