ММС

Објавено на: 02/10/21 4:26 PM

Во напад врз база на ОН во Мали ранети 20 мировници

Најмалку 20 припадници на мировната мисија на Обединетите нации (ОН) се ранети во оружен напад врз база во Мали, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Интегрираната повеќедимензионална стабилизациска мисија на ОН во Мали (MINUSMA), Оливиер Салгадо, соопшти дека непознати напаѓачи утринава извршиле оружен напад врз базата на ОН во близина на градот Дуенца.

Тој изјави дека нападот се случил во регионот во кој се изразени милитантни џихадистички активности.

Локалните извори јавуваат дека 20 ранети мировници се пренесени во болница, а дека станува збор за припадници на контигентот на војската од државата Того.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.