ММС

Објавено на: 02/10/21 4:24 PM

Во Србија уапсен 42-годишник поради закани упатени кон Вучиќ и неговиот син

Припадници на српското Министерството за внатрешни работи, во соработка со Безбедносно-информативната агенција, го уапсија М.З. (42) поради сомнение дека упатил закани кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и неговиот син Данило.

Осомничениот синоќа се јавил во канцеларијата на владејачката Српска напредна партија во Белград и упатил закани до Вучиќ, неговиот син Данило и заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, соопшти МВР. На М.З. му е одредед му е притвор од 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното Обвинителство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.