ММС

Објавено на: 02/10/21 4:17 PM

Црна Гора прва во Европа според бројот новозаразени со Ковид-19 на 100.000 жители

Црна Гора веќе две недели се наоѓа на прво место во Европа по бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 на 100.000 жители, меѓу 45 земји, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Во текот на изминатата недела во Црна Гора се забележани 573,3 новозаразени на 100.000 жители, а меѓу првите десет земји со најлоша епидемиолошка состојба нема ниту една држава од регионот.

Растот на бројот на заразени во Црна Гора се бележи веќе со денови, а за денес е закажана вонредна конференција на Министерството за здравство и Инстутот за јавно здравје, каде ќе бидат соопштени нови мерки. Најавено е дека се очекува заострување на мерките.

Во последните две недели, од последици предизвикани од Ковид-19 во Домот за стари лица во Бијело Поље починаа десет лица.

Поради влошувањето на епидемиолошката ситуација и поради фактите дека Црна Гора сè уште не обезбедила вакцина против Ковид-19, опозицијата побара оставка од министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.