ММС

Објавено на: 02/10/21 4:01 PM

На четири дена пред стартот на сезоната: Вардар успеа да состави екипа и да ги почне подготовките

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар денеска го одржа првиот тренинг од подготовките за вториот дел од првенството кое е закажано за четири дена.

Под водство на новиот тренер Никола Илиевски – Џиџи и неговите асистенти Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров, Вардар на теренот на Академијата, клубот собра 22 фудбалери, од кои 16 беа во комбинација во првиот тим и минатата есенска полусезона.

Ова се случи само еден ден по финансиската консолидација на црвено-црните откако Владата донесе одлука за бришење на каматите кои Вардар ги должи кон АДССДП во висина од 60.000 евра, а претходно беа префрлени итно 100.000 евра на сметката на клубот кои треба да бидат искористени за подмирување на долговите кон фудбалерите.

Неофицијално, Вардар за пролетниот дел од сезоната ќе има на располагање околу 330.000 евра за доигрување на сезоната, а во тек се и преговори за влез на катарски инвеститор во клубот.

Вардар во првото пролетно коло, на 14. февруари во Скопје го пречекува битолски Пелистер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.