ММС

Објавено на: 02/10/21 1:38 PM

Петтиот пакет мерки ќе содржи помош за плати и бескаматни кредити

Петтиот пакет мерки за справување со последиците од економската криза која ја предизвика пандемијата ќе содржи опција за помош во плати и бескаматни кредити, а ќе се финализира викендов, откри премиерот Зоран Заев.

„Ние сме на крај на димензионирање на петтиот пакет мерки. Секако ги слушаме синдикатите, работниците, работодавачите, коморите, сите партиципиенти од овој процес и ќе носиме конечни одлуки. Конечната одлука веројатно ќе биде донесена“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Најави дека пакетот од околу 16-тина мерки ќе нуди и опција за помош во плати или за грантирање односно со бескаматни кредити со можност од сумата 10-30 проценти да биде во форма на грантови.

-Веројатно ќе имаме опционо нудење на оние големите пари во делот на директното помагање на компаниите заради зачувување на работните места, а тоа ќе бидат веројатно во делот на платите за да може да го изберат граѓаните или да може да изберат бескаматни кредити со грантови коишто дефинитивно ќе им дадат можност, покрај првата опција, доколку се профитабилни, да имаат обврска да ги враќаат средствата или дел да ги реинвестираат. Овде ќе добијат бескаматни кредити со можност од 10 до 30 отсто или колку ќе биде тоа димензионирано да добијат грант ако ја зголемат својата профитабилност“, вели Заев.

Помошта на државата за граѓаните и компаниите со директни, конкретни буџетски средства  изнесува  1,1 милијарда евра  за време на ковидот, а директните плаќања само на стопанството се преку 350-360 милиони евра плус дополнително картичките на погодените граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.