ММС

Објавено на: 02/10/21 1:37 PM

По 30 години магистралниот пат Куманово – Крива Паланка ќе добие нов лик

Во тек е реконструкцијата на овој патен правец вредна 13 милиони евра пари на граѓаните, со кои ќе се постават 32 километри нова асфалтна мрежа.

Денеска увид во градежните активности кои траат скоро година дена, изврши министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Според него рехабилитацијата треба да ја подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од државните патишта.

– Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. Денеска се наоѓаме на трасата од втората фаза на која очекуваме забрзување на градежните работи за да може комплетно да биде завршена во оваа година, изјави министерот.

Во моментов се работи на реконструкцијата на делницата од Куманово до Страцин, за што се предвидени 7,2 милиони евра. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми предвидениот рок за завршување на овој дел од патот е август годинава.

Следниот месец се очекува да започне и реконструкијата на делницата до селото Војник.

Патот Куманово – Крива Паланка е дел од Коридорот 8, чија доизградба и рехабилитација чини над 700 милиони евра.

Досега на оваа магистрала, чија реконструкција трае година дена, увид во градежните работи освен Бочварски, вршеа и неговиот претходник Горан Сугарески, како и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека уште беше на функцијата технички премиер.

Наслов: По 30 години се реконструира патот Куманово – Крива Паланка

Регионалниот патен правец Куманово – Крива Паланка се реконструира по скоро три децении. Делницата од Коридорот осум, чија доизградба и рехабилитација граѓаните ги чини над 700 милиони евра.

 

 

 

Никола Ивановски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.