ММС

Објавено на: 02/10/21 1:34 PM

Трошка надеж дека има чесни судии, ова е правда за сите нас, вели Наташа Димитриевска по преиначенета одлука на Апелација за сообраќајката кај Млечен

Наташа Димитриевска сопруга на Гоце Димитриевски возачот на моторот кој го изгуби живото кај Млечен ресторан во Скопје, вели дека правдата ќе ја бара докрај. Преиначената одлука од Апелациониот суд од двегодишна условна во ефективна казна затвор од две години е тронка надеж дека има чесни судии во судскиот систем. Но оваа одлука според неа, не ја задоволува целосно правдата, иако како што вели, е задоволна од информацијата која ја добила вчера од нејзиниот адвокат.

-Ново е што е изречена забрана за употреба на возила од две години. Тоа е голем напредок, дека во првичната постапка, вакво нешто обвинителството не ни го бараше туку тоа се случи по моите преставки кои беа испратени до Судскиот совет и до Советот на јавни обвинители истото беше наведено и во жалбата на јавното обвинителство. Народот не се согласува со две години затвор, но е мала надеж дека нешто функционира и дека има чесни судии, вели Наташа Димитриевска.

Таа смета дека малиот напредок во нејзиниот случај доаѓа како резултат на притисокот од јавноста, но и голема подршка од медиумите и социјалните мрежи. Таа се надева дека ниту едно лице нема да помине низ, како што вели таа, голготата низ која што поминала. Се надева дека ќе профункционира судството и нема да има толкава  потреба од медиумски притисок но и притисок од јавноста, за да правдата започне да излегува на површина.

-Ако не беше оваа борба преку медиумите и големата подршка од јавноста немаше да успеам,  беше под знак прашалник дали обвинителството ќе поднесе жалба затоа што првично јавниот обвинител даде насока дека се согласува со условната казна , рече Наташа Димитриевска.

Наташата ја затекнавме со лонгета на ногата, од повредата од сообраќајката едната нога и е пониска за еден ипол сантиметар, бидејќи оштетената коска од левата нога и е остранета. Таа вели дека правдата мора да се задоволи до крај.

„ Мојата повреда е најмала работа. Има еден куп случаи како мојот, кои не го кренале гласот. Јавноста постојано ми пишува и бара помош за одговорност за вакви слични случаи, кои се најчесто застарени предмети и се работи за обични граѓани, вели Наташа и додава дека и Врховниот суд треба да го крене гласот.

-Не може за вакво дело да има условна казна дека животот го изгуби Гоце, изгубив плод и сум инвалид.Од целокупниот процес на овој момент, се охрабрени доста луѓе да го кренат гласот за ваквите постапки. Но и Врховниот суд треба да крене глас дека тие имаат моќ, имаат право да дадат правно мислење и да ни разјаснат дали вртењето на две полни линии преставува умисла или небрежност и сето ова да се направи за идните предмети.Ова не е борба само за правда за Гоце туку правда за сите нас, вели Димитриевска.

Во судски совет се уште се разгледуваат преставките од Наташа од каде што чекаат да стигне најновата одлука од апелација.

„Се надевам дека и Советот на јавни обвинители ќе преземе нешто по однос на претставката за да се сноси одговорност, затоа што, како што вели таа, не се одговорни судиите и јавните обвинители туку и полицијата како и вештите лица“.

Образложени од Апелација зошто ја преиначиле условната во ефективна затоврска казна од две години Наташа се уште не добила.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.