fbpx
Image default
Истражувања

Љубителите на колачи можат да бидат позитивни на возачки нарко тест

Најновите стручни универзитетски испитувања укажуваат на потребата возачите строго да одбегнуваат одредени намирници во својата исхрана

Најновите стручни универзитетски испитувања во Европа укажуваат на потребата возачите строго да одбегнуваат одредени намирници во својата исхрана.

После консумација на три парчиња колачи со по 20 грама афион (мак), тестирањата на дрога кои ги користи полицијата за возачите можат да покажат позитивни резултати.

Возачите кои сакаат слатки, особено колачи од афион можат да имаат проблеми при полициска нарко контрола.

Стручните лица на универзитетот во Бон заклучија дека по консумација на три колачи со по 20 грама афион, тестирањата на дрога кои ги користи полицијата можат да покажат позитивни резултати.

Афионот е, имено, главна сировина за производство на хероин, па во урината, крвта и плунката се пронаоѓаат траги на овој опијат дури и 48 часа по консумирањето на колачите.

Проблемот да биде уште поголем, само специјализирани лабораториски анализи можат да прецизираат и утврдат дали возачот консумирал (без)опасни колачи со мак или хероин.

Преземено од: Високи Октани

Поврзани вести

Штип – По изборите ,ден за изнесување на документи

Кире Андонов

Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Трет дел

Кире Андонов

За 13 години долгот на општините пораснал за 56,3 милиони евра

Дафинка Печорова