fbpx
Image default
Забава Истражувања

TOP GEAR: Топ листа на најмоќни автомобили за 2018 година

BBC со својот Top Gear ги посочи најбрзите и најмоќните автомобили за годината што изминува

Број 1 на оваа листа е Rimac C_Two, вториот електромобил кој доаѓа од Хрватска. Со своите четири електромотори развива 1.887 кс. Од место до брзина од 100 км/ч C_Two пристигнува за 1,97 секунди, 160 км/ч постигнува за 4,3, а четврт миља изминува за 9,1 секунди.

Матеа Римац вели дека неговиот втор автомобил од место до 300 км/ч пристигнува за неверојатни 11,8 секунди.

Зад хрватската гордост се Bugatti Divo со 1.479 кс, Zenvo TSR-S со 1.177 кс и McLaren Speedtail со 1.036 коњски сили.

Следат суперавтомобили под 1.000 кс – Ferrari Monza на петтото место со 789 кс, потоа Lamborghini Aventador SVJ со 759 кс, Chervolet Corvette ZR1 со 755 кс, Aston Martin DBS Superleggera со 725 кс,

Nissan GT-R 50 Italdesign со 712 кс и Porsche 919 evo во првите десет.

Листата ја заклучуваат Ferrari 488 Pista, BMW M5 Competition, Dodge Challenger Hellcar Redeye, Mercedes-AMG GT 4dr и McLaren 600LT.

Преземено од: Високи Октани

Поврзани вести

Како да му ја објасните детето вредноста на парите

“Mission: Impossible – Fallout” зазема прво место овој викенд во боксофис

Малиот и сладок ракун тврдоглав да замине во неговата природна средина (ВИДЕО)