fbpx
Image default
Вести Македонија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Поврзани вести

Еден загинат, петмина повредени во сообраќајна несреќа кај Струга

Арсовски: СДСМ се’ повеќе се задолжува, а немаат ниту еден проект реализирано

Вања Мицевска

Девет танчерки откриени во угостителски објект во Липково