Image default
Вести Видео Свет

Девојчето од Шведска ги стресе лидерите: Само зборувате за климата, а им ја крадете иднината на децата (видео)

Нашата цивилизација е жртвувана заради можноста многу мал број на луѓе да продолжат да заработуваат огромни суми на пари. Нашата биосфера е жртвувана за богатите луѓе да можат да живеат во луксуз, рече 15-годишна активистка од Шведска, Грета Тунберг, на Конференцијата за климатски промени во полскиот град Катовице.

Таа ги обвини светските лидери дека само зборуваат за зелена економска иднина, бидејќи се плашат да бидат непопуларни.

– Вие цело време зборувате за одење напред со истите лоши идеи кои и нѐ доведоа до овој хаос, дури и во моменти кога единствено разумно нешто е да се крене рачна. Вие не сте доволно зрели да ни кажете како стојат работите. Дури и тој товар ни го оставате на нас децата. Вие велите дека ги сакате вашите деца повеќе од сѐ, но, сепак, им ја крадете иднината пред нивни очи – кажа Тунберг, која се обрати во името на глобалната мрежа „Климатска правда сега“.

Извор: Мета

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Времето денес: Сончево со умерена облачност и слаб ветер

Трајче Гогов

Силен земјотрес регистриран во јужниот дел на Атлантски Океан

Трајче Гогов

Безбедноста на новинарите се подобрува, но неказнивоста на новинарите се уште има длабоки корени

Габриела Додевска