Image default
Видео

ВИДЕО: Нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Римајндер“ (REMINDER) за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Римајндер“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра комбинација на Балкан бит (Balkan Beat) звукот со glitch-hop и реге влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Римајндер“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

Превземено од: МКД.мк

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Стадион на Канал 77 – 31.03.2018

Трајче Гогов

Ноќен Експрес || Странските инвестиции и слободниот пазар – 03.08.2016

Трајче Гогов

Видео: Татковци со имагинација плус

Емилија Бунтеска Нацоска