fbpx
Image default
Вести Македонија

Камион прегазил жена пешак во Гостивар

Во сообраќајка со трагични последици една жена пешак го загуби животот на булеварот „Браќа Гиновски” во населбата Малеарди.

Според првичните информации на СВР Тетово, сообраќајката се случила околу 13:30 часот кога камион налетал на жена пешак, а од силината на ударот жената починала на самото место. Идентитетот на жената пешак се уше не е познат.

Во моментов увидна екипа на полициска станица Гостивар и јавен обвинител вршат увид по што ќе биде појасно под какви околности се случил трагичниот настан. Едниот крак од булеварот во моментов е во прекин, а сообраќајот се пренасочува на двата кружни ток.

Поврзани вести

Ердоган: Убиството на Кашоги беше планирано со денови

Вработени во „Дизни“ и во „Лего“ се упасени за детска порнографија

Во Ветерината станица во Велес третирани околу стотина кучиња скитници