Image default
Спорт Фудбал

Ѕвездите на Арсенал во центар на голем скандал, на камера фатени како се журката со „хипи крек“

Таблоидот „Сан“ им направи големи проблеми на Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг, Александре Лаказет и Матео Гендузи откако објави снимки од безбедносни камери на кои се гледа како ѕвездите на Арсенал вдишуваат „гас за смеење“.

На видеото со балон во уста можат да се видат и Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац, додека пак Хенрих Мхитарјан исто така е присутен, но не вдишува ништо.

Забавата се случила во Лондон во август месец, односно пред почетокот на сезоната. „Гасот за смеење“ се користи како анестетик во медицината, не е нелегален да се поседува, но нелегално е да се продава на други.

Поради тоа што создава еуфорија, се користи и како дрога, во последно време е особено популарен, и на „Островото“ е познат како „хипи крек“. Во мали количини тој е безопасен, но во големи може да предизвика срцев удар, кома па дури и смрт. Од видеото кое го објави „Сан“ се гледа како 19 годишниот Матео Гендузи се онесвестува.

Од Арсенал експресно се огласија и најавија дека ќе разговараат со играчите и ќе ги потсетат кои се нивните одговорности.

Во минатото, поради користење на „гас за смеење“ во проблеми се најдоа Рахим Стерлинг и Кајл Вокер.

Поврзани вести

Играч за Баерн има 22 години а најави дека ке оди во пензија

Дафинка Печорова

Црвено – црните се засилуваат со германецот Кристијан Дисингер

Меси најтрофеен играч на Барселона

Дафинка Печорова