Image default
Вести Македонија

Тркалезна маса во Скопје: Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор

Работејќи надвор од формалната економија, поединците ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи. Нерегистрираните бизниси остваруваат неправична и незаконска предност во однос на занаетчиите кои ги исполнуваат законските обврски. Сивата економија штетно влијае на занаетчиските бизниси, ја уништува нивната конкурентност и создава незадоволство во занаетчискиот сектор зашто нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори. Ова се само некои од прашањата што треба да ги отвори денешната тркалезна маса „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор”.

Целта на настанот е да ја зголеми свеста за спречување на сивата економија во занаетчиството, но и да поттикне дијалог и соработка со инспекциските служби. Дебата ја организира Занаетчиската комора Скопје, а предвидено е, покрај занаетчии, да учествуваат и претставници од УСАИД, Министерството за труд и социјална политика, пазарни и трудови инспектори.

Поврзани вести

Јанкуловска не дојде во суд – „Титаник“ одложен за 3 јули

Трајче Гогов

Сончево и топло во текот на денешниот ден, од утре дожд и грмежи

Дафинка Печорова

Уписите на Универзитетот „Гоце Делчев” започнуваат на 29 август