Image default
Вести Македонија

Телефонски Разгворо Заев-Јункер: Македонија да биде изземена од анти дампинг мерките за увоз на челик и алуминум

Европската комисија да ја разгледа можноста македонските компании да бидат изземени од анти дампинг мерките за увоз на челик и алуминум – ова во телефонски разговор премиерот, Зоран Заев го побарал од првиот човек на еврокомисијата, Жан Клод Јункер.

Според Заев, Македонија е незаслужено на листата за времените заштитни мерки и анти-дампинг постапките со кои се засегнати неколку држави меѓу кои и нашата, а тоа како што истакнал тој, негативно ќе се одрази на економијата.

Дополнително, Заев е уверен дека постоечката верификациска мисија на Европската комисија, во македонските компании, за анти-дампинг истраги ќе заврши успешно и дека европските експерти ќе се уверат дека нема дампинг практики во овие компании.

Поврзани вести

Мицкоски: Граѓаните да не потпаѓаат на притисок и да го сочуваат сопственото достоинство

Вања Мицевска

40 вработени во МВР со лажни дипломи

Трајче Гогов

Закани за кумановскиот градоначалник преку СМС пораки