Вести Македонија

Работилница „Климатските промени-реалност или илузија”

Работилница насловена „Климатските промени-реалност или илузија” ќе се одржи денеска во Музејот на илузии во Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На работилницата ќе се обрати заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.

Целта на настанот е да се обезбеди учество на јавноста и полесен пристап до информации во врска со донесувањето одлуки поврзани со климатските промени, како клучен фактор за ефективна Kлиматска акција. Фокусот е на соработката на државните институции и граѓанското општество и неговата улога во  планирањето и спроведувањето на мерките за ублажување и адаптација со што се придонесува за повисоки национали амбиции и поефикасна имплементација на политиките – информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамки на работилницата ќе се споделат и информации од глобалната конференција за климатски промени, што  се одржува во полскиот град Катовице.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]