Image default
Вести Македонија

Нови 48 волонтери на Мировниот корпус ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор во Македонија

Четириесет и осум волонтери на Мировниот корпус денеска ќе дадат официјална заклетва пред американскиот амбасадор Џес Бејли. Ова е дваесет и третата група волонтери што ќе живеат и работат во Македонија, од отворањето на канцеларијата во Македонија во 1996 година. Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 750 волонтери, кои досега служеле во Македонија.

Овој свечен настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура, соопштуваат од Мировниот корпус – Македонија,

По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија. Тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини како и дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби.

Поврзани вести

Магла на Стража и Плетвар

Алијансата за Албанците предлага решенија за намалување на смртноста на новороденчињата

Утре започнува „Kumanovo Hangout Music Festival“

Вања Мицевска