Image default
Вести Македонија

Нинџа: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски  биле вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“, која лани организираше низа протести. Ова го тврди еден од обвинетите за таканаречениот „крвав четврток“, Александар Василевски Нинџа. Сведочејќи денеска во судот, тој изјави дека сите биле искористени и изманипулирани од УБК и од дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, партијата им плаќала на приврзаниците на оваа граѓанска иницијатива, а тоа како што рече, го покажуваат и оперативните податоци. Нинџа оценува дека ланскиот упад во Собранието бил осмислен со цел вниманието на јавноста да се одврати од случаите на СЈО.

Судијката Добрила Кацарска денеска го праша Нинџа дали тогашниот министер за внатрешни контактирал со сега обвинетиот Митко Чавков кој во тој период беше директор на Бирото за јавна безбедност, тој одговори дека Чавков бил целиот исплашен, но не знае од кои причини.

Адвокатот на Нинџа пак, Ѕвонко Давидовиќ  во изјава за медиумите посочи дека командата од МВР ја презеле партиски структури за да заштитат свои интереси и политички права.

На денешното рочиште исто така, Нинџа нагласи дека поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска тој ден контактирала со Трајко Вељаноски и му давала наредби на претседавачот и пратениците да ги отворат влезните врати од законодавниот сепак. Сепак Бришкоска, денеска во изјава за Макфакс ги негираше овие наводи, а исказот го отфрли како неточен.

Поврзани вести

Спремете се за ново силно невреме

Швеѓани украле кралски скапоцености и побегнале со глисер

Македонија слави 27 години независност

Габриела Додевска