Image default
Вести Македонија

На штипската Клиничка болница која требаше веќе да работи, ќе чекаме уште две години

Истрагата на СЈО „Империја“ во која е инволвиран  и штипски Бетон, како еден од подизведувачите, комплетно ја стопира изградбата на штипската Клиничка болница. Кога, како и дали изградбата ќе продолжи, била и една од причините  за денешната работна посета на министерот за здраство Венко Филипче во Штип, по информациите дека грчката фирма којашто го има тендерот го решила проблемот околу застојот.

„Ние сме во секојдневен контакт со луѓето од  грчката фирма со кои имаме потпишано договор  кои што имаат одредени проблеми во соработката со Бетон Штип, меѓутоа  според последните информации, нашле соодветно решение и токму  затоа сега сакаме да се увериме на терен како стојат работите, кои работници се тука, за да некаде во текот на следната недела, сите прашања во однос на новиот динамичен план,  ги финализираме. Во меѓувреме се планира и околу  точниот тип на медицинска опрема, каква набавка треба да се направи за да практично кога болницата ќе биде завршена во исто време и да биде опремена со апарати, па  докторите веднаш да можат да  се преселат  и почнат со работа во новиот објект“, информираше Филипче.

Со оглед на сите проблеми коишто ја следат изградбата на Клиничката болница, министерот смета дека објективно би било да се очекува, Болницата комплетно да биде завршена до средината на 2020 година.

На камен темелникот во март 2016 година на којашто присуствуваа тогашниот премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, тогашниот министер за здраство Никола Тодоров и Никола Груевски во функција на претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше ветено дека штипската Клиничка болницата ќе се изгради за две години. Инвестицијата беше проценета на 30 милиони евра. Во оваа Болница здравствени услуги ќе добиваат повеќе од 200.000 пациенти од регионот.

Поврзани вести

Ленче Здравкин и Омер Калаши годинешни добитници на наградата Мајка Тереза

Наесен ќе се доделат социјални станови за гостиварци

Седниците на Советот на Град Скопје ќе се пренесуваат во живо