fbpx
Image default
Вести Македонија

Над 2.500 средношколци од Полошко ќе учат како да препознаат говор на омраза

Учениците во прва година од десетте средни училишта во полошкиот регион преку поголем проект ќе учат како да го препознаат говорот на омраза, постапки и изразување на ваков говор. Посебен акцент ќе биде ставен на досегашните негативни искуства поврзани со говор на омраза во обичните разговори и преку социјалните медиуми.

СВР Тетово, неделава почна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, а чии носители се Отсекот за превенција, тетовската и гостиварската локална самоуправа и ОБСЕ.

Со проектот ќе бидат опфатени ученици во прва година од шестте тетовски и четирите гостиварски средни училишта. Низ предавања и дебати учениците ќе бидат запознати, како да го препознаат говорот на омраза, како да се дистанцираат од однесување, односно постапки и изразување со елементи на ваков говор и какви можат да бидат негативните  лични и општествени последици.

По завршување на предавањата, што се планира да се одржуваат еден месец, се предвидуваат две сликарски работилници, на кои учениците ќе изработат експонати на истата тема, кои подоцна официјално ќе бидат изложени во Тетово и Гостивар.

Извор: МИА

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Турски државјанин удрил во полицаец во обид да избегне пајак-служба

Конститутивна седница на новоизбраниот турски Парламент

Вања Мицевска

Јанкуловска не дојде во суд – „Титаник“ одложен за 3 јули

Трајче Гогов