Image default
Вести Македонија

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во прогармата за подобрување на кадарот во градинките

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада. На огласот што ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите.

-Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во седум градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

Главната цел на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор, туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.

-Министерството за труд и социјална политика, освен што ги проширува капацитетите на градинките во Македонија, посветено работи и на јакнење на кадарот којшто се грижи за децата преку подобрување на неговите знаења, бидејќи научно е докажано дека за правилен развој на детето е многу важно раното учење, се вели во соопштението од МТСП.

Извор: МИА

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Заев и Ципрас наградени со „Евалд фон Клајст“ за придонес кон светскиот мир

Весна Крстева

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Трајче Гогов

Планот за економски раст претставен пред бизнис заедницата од Пијанец-Малеш

Трајче Гогов

Џафери ги распиша претседателските избори

Весна Крстева

Дневен билтен на Општина Штип – 26.06.2018

Моја Општина

Заврши седницата на Апелација за затворските казни на Груевски и Поповски за „Тенк“

Трајче Гогов