Image default
Вести Македонија

ММА: Обврската за поседувања права за емитување да важи за сите подеднакво

Во тензична атмосфера и со скандал заврши јавната расправа во АВМУ посветена на предложените измени и дополнувања на правилникот на Агенцијата доставени од ММА. Скандалот на седницата настана кога дел од кабелските оператори се обидоа да се вмешаат во уредувачката политика на петте најголеми национални телевизии, по што претставниците од ММА ја напуштија седницата.

Со предложените измени како што наведоа од асоцијацијата на петте национални телевизии во Македонија, главната идеја е да се почитуваат авторските права и сузбие пиратеријата, која ја вршат дел од кабелските оператори во земјава.

Во дискусијата која се разви дел од претставниците на кабелските оператори и експертите кои присуствуваа, потврдија дека пиратеријата во медиумскиот простор е присутна. Некои пак го квалификуваа како проблем со кој се соочуваат сите.

Откако претставниците на ММА ја напуштија расправата, во диксусијата се вклучи и директорот на агенцијата Зоран Трајчевски.

Јавната расправа беше организирана како дел од процедурата за измени на правилникот. Дали до нив ќе дојде, ќе одлучува Советот на АВМУ.

Дотогаш, од ММА најавуваат дека ќе поднесуваат кривични пријави за секоја програма што ќе ја детектираат кај странските канали, а за која имаа докази дека нема права да биде емитувана во Македонија.

 

Извор: Канал 5 Телевизија

Поврзани вести

Ким Кардашијан повторно на средба со Трамп

Дафинка Печорова

САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа

Најмалку двајца Палестинци загинале во судир со израелската армија во Појасот Газа

Вања Мицевска