Image default
Вести Македонија

Македонскиот пасош 36. во светот

Македонија е на 36. место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата Паспорт индекс за 2018 година.

Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

Од земјите во регионот пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на петто место, Словенија е на седмото место, Бугарија е на 10-то место, Хрватска на 11-то, по неа е Србија на 31 место, Црна Гора на 38, Босна и Херцеговина на 40, Албанија на 43 место, а најслабо рангирано е Косово на 81. место.

На прво место на ранг листата е пасошот на Обединетите Арапски Емирати, чии граѓани можат без визи да патуваат во 113 земји, а второто го делат Германија и Сингапур, чии држајани без виза влегуцаат во 127 земји.

На дното на листата од вкупно рангирани 199 земји се Сирија, Пакистан, Ирак и Авганистан, кои без визи можат да патуваат во помалку од девет држави во светот.

Извор: МИА

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Харадинај им се заблагодари на САД за помошта околу враќањето на 110 косовски државјани од Сирија

Кире Андонов

Захариева: Процесот на евроинтеграција е неповратен за Западен Балкан

Вања Мицевска

Трет UPSHIFT-повик за идеи за решавање социјални проблеми

Габриела Додевска

Филипче: Го зајакнуваме системот со набавка на опрема и возила на ИМП и со прием на доктори и сестри

Драматично сведоштво на битолчанец, патник во превртениот автобус

Кире Андонов

Вакуум во преговорите за името – Владата демантира разногласие

Трајче Гогов