Image default
Вести Култура

Изложба на астрофотографии за јубилејните 20 години на Скопско астрономско друштво

За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво утре во Домот на АРМ, во 20 часот, ќе ја отвори изложбата на астрофотографии „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“.

Скопското астрономско друштво ќе ги презентира најновите астрофотографии, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Министерството за одбрана, ќе трае до 16 декември, а влезот е слободен.

Скопското астрономско друштво е важен двигател на неформалното образование во државата, како и важен глас за популаризација на науката, посебно на астрономијата и астро-физиката. Во изминатите две декади одржа бројни курсеви по астрономија, стотици предавања и теренски набљудувања за сите љубители на астрономијата.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

САД: Одбиено барањето да се продолжи времето за држење деца мигранти во притвор

Вања Мицевска

Олумчев: Нема потреба од паника поради присуството на тигрестиот комарец во некои општини

Вања Мицевска

Штип ја одбележа 74-годишнината од ослободувањето

Кире Андонов