Image default
Вести Македонија

„Витаминка“ очекува стимулации за домашно призводство на сончоглед

Шест месеци по преземањето на фабриката за производство на зејтинот „Брилијант“, прилепска „Витаминка“ најави нов производ –масло за јадење Омега 3, но и агресивен влез на косовскиот пазар. На средбата со новинарите денеска во Штип, од компанијата соопштија дека не очекуваат поскапување на цените на зејтинот.

Кога во април годинава, Витаминка ја купи фабриката за производство на маслото „Брилијант“ од Штип, компанијата се соочила со брз пазар, призвод кој брзо се движи, висока конкуренција, но и можност за пробивање на пазарите во регионот – пред се’ Косово, Албанија и Србија.  Капацитетот, што сега се користи со 40% може да произведува многу повеќе, проценува раководството на компанијата, чие работење денеска беше претставено пред новинарите. Сопственикот на Витаминка, Сашо Наумоски, рече дека кога влегле во Брилијант немало потреба од иновации, бидејќи фабриката е градена според последната технологија. Единствената промена е направена со користењето на енергенсот и наместо мазут, капацитетот сега го користи еколошкиот метан. Со велешки „Благој Ѓорев“, вели Наумоски, дале иницијатива до владата за стимулирање на домашното производство на сончоглед, како основна суровина, што сега ја набавуваат од Бугарија и Србија.

-Домашна суровина за жал, немаме. Се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик со владата, да се зголемат субвенциите за сочогледот и со фабриката „Благој Ѓорев“ заедно да вршиме откуп на сончогледот, рафинација на сурово масло и ние да го откуваме целиот вишок на производство. Тоа го гарантираме  и стоиме зад таа наша одлука, рече Наумоски, според кого Македонија е отворен пазар , иако е присутна нелојалната конкуренција, во која како што вели државата полека става ред.

Меѓутоа проблем за „Витаминка“, е одливот на кадри.

-Тоа во моментот ни е најголем проблем. Има недостаток на високостручни кадри, но и со техничкиот кадар од техничките училишта , за што се трудиме да бидеме поконкурентни, подобар работодавач и да го решиме тој проблем, изјави Наумоски, кој не очекува промена на цената на маслото за јадење, бидејќи како што кажа цената на суровината на светскиот пазар останува стабилна.

Новиот производ на „Билијант“, масото Омега 3  е висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини, а во производството се искористени се современи методи на рафинација, најавија од компанијата.

Поврзани вести

ДИК ќе го дополнува Правилникот за референдумот

Дафинка Печорова

3друженија на лица со попреченост бараат потранспарентна и поефикасна помош од државата

Вања Мицевска

Околу 6.000 луѓе евакуирани во Тибет поради одрон на река