Image default
Вести Македонија

Бугарија му забрани на Дамчевски да работи како гинеколог

Откако НОВА тв веб објави дека гинекологот, Николче Дамчевски кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена, работи во Бугарија, таму денес му е изречена забрана за извршување медицинска дејност.

Раководството на Медицински центар „Мајчин дом” во Софија се обратило до Агенцијата за медицинска ревизија при Министерството за здравство на Бугарија да изврши проверка во врска со гинекологот Дамчевски, кој во земјава беше осуден на двегодишна затворска казна, што потоа ја потврди и скопска Апелација.

До утврдување на околностите во случајот, на докторот му се забранува да извршува медицинска дејност, изјавија од софискиот Медицински центар „Мајчин дом”.

Тој во Македонија има осумгодишна забрана за работа како доктор и е во бегство. Во меѓувреме, станал член и на Бугарскиот лекарски сојуз, а работел во една приватна болница во бугарскиот главен град. Во пресудата против Дамчевски пишува дека „како гинеколог тој има вина за тешки злосторства извршени врз здравјето на луѓето и фалсификување документи”. Пред судот тој ја призн вината и по двете обвиненија – фалсификување на медицински документи и несовесно извршување на лекарската професија.

Раководството на Медицинскиот центар е подготвено да соработува целосно со истражните и надзорните органи за да се разјаснат околностите на случајот – наведува БГНЕС.

Поврзани вести

Државна видеолотарија со донација од 1.230.000,ОО на Универзитетската клиника за детска хирургија

Вања Мицевска

Ерупција на вулкан во Гватемала – 25 мртви, има повредени и исчезнати

Трајче Гогов

Тајфун со јачина од 190 Km/h ја пустоши Јапонија (ФОТО + ВИДЕО)