Image default
Вести Македонија

Прилепчани се новите милионери на Државна Видеолотарија на РМ

Грозоски Филип од Прилеп, заедно со неговиот пријател, ја освоија најпосакуваната на Државна видеолотарија на РМ. Милионер џек пот добивката вредна 1.454.620, 00 денари, е освоена на 01.12.2018 во Делта Бет Моцарт во Прилеп.

Расположен, насмеан, Филип ја сподели својата добитна приказна. Тој раскажува дека со другарите заедно, убаво се забавувале на видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија во Делта Бет Моцарт во Прилеп. Играле без преголеми очекувања, чисто за забава. Добивката ги изненадила, па и се радувале возбудено сите. Славењето траело цел викенд. Филип вели дека парите ќе ги подели со пријателите. Најверојатно дел од нив ќе се искористат за да се купи нов автомобил.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 164 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 244.015.477,00денари. Покрај нив, освоени се и 26.426 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 163.513.956,00 денари. Мини џек пот  добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

 

 

Поврзани вести

Елон Маск му се извини на нуркачот спасувач, затоа што го нарече „педофил“

Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни

Брисел: Судири на полицијата и демонстрантите против Пактот за миграции