Вести Македонија

Повредени две лица во сообраќајка во Кавадарци

Две лица се повредени  во сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила,  што вчера се случи во Кавадарци.

„ Околу 07.30 часот на крстосницата од улиците „Бул.Македонија и „Орце Николов “ во Кавадарци случена е сообаќајна незгода помеѓу патнички автромобил марка „Форд Ескорд“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Б.Н.(53) од Кавадарци и патнички автомобил марка „Рено“ со велешки регистарски броеви управувано од В.Б.И.(24) од Кавадарци. Во незгодата се повредени возачот на автомобилот „Форд Ескорд“ и совозачот В.Н.(53). На истите им е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес,  Верољуб Додевски.

На местото на незгодата увид извршија службени лица од кавадаречката полиција

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]