Image default
Вести Македонија

Кривични за две лица за поседување марихуана

Поднесени се две кривични пријави против скопјани за поседување и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

-Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против скопјаните М.М.(32) и Д.П.(47) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ- информира МВР.

При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

Поврзани вести

Дел од Припор денеска без вода

Мурати: Промената на границите само ќе ги зацврсти темелите на мирот меѓу Косово и Србија

Двајца загинати, а осум повредени во сообраќајка откако се преврте автобус во БиХ