fbpx
Image default
Вести Свет

Столтенберг: НАТО ќе го поздрави напредокот на Македонија и ќе ја поддржи Украина

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на претстојната дводневна средба ќе го поздрават напредокот на Македонија на патот кон членство во Алијансата и ќе и изразат поддршка на Украина – изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Јенс Столтенберг.

„Украина не е дел од НАТО, но членките на Пактот ќе продолжат да и пружаат силна политичка поддршка и помош за модернизација на украинската армија“, изјави Столтенберг – пренесува Македонската информативна агенција.

Пред денешниот почеток на министерската средба, Столтенберг уште еднаш ја повика Русија да ги ослободи украинските бродови и морнари, што ги задржа на 25 ноември во близина на Крим.

„Решително ги поддржуваме независноста и територијалната целовитост на Украина. Поради агресивните постапки на Русија кон Украина – незаконската анексија на Крим и настаните во Азовското Море – НАТО прогласи највисок степен на својата готовноста од крајот на Студената војна. Тоа е директен одговор на активностите на Русија кон Украина“. Тој нагласи дека НАТО е загрижен поради развојот на новиот руски ракетен систем и прекршувањето на Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел од Европа.

Столтенберг нагласи дека министрите на претстојниот состанок ќе и изразат и силна поддршка на Грцуија и ќе ги поддржат напорите за мировни преговори меѓу Владата на Авганистан и талибанците.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Скопјанец извршил полови дејствија врз 15-годишна девојка

Трајче Гогов

Ева Богоевска ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз

Вања Мицевска

Серија земјотреси ја погодија Албанија

Вања Мицевска